Connect with us

Фудбал

Швајцарија со минимална предност во реваншот, Италија на гостување во Стокхолм

Со вчерашните два натпревари стартуваше баражот за пласман на Светскиот шампионат во Русија во Европската зона.

Во пресрет на реванш средбите убедлива предност обезбеди Хрватска која на Максимир со 4:1 славеше над Грција, додека значајна гостинска победа забележа Швајцарија на дуелот со Северна Ирска.

Денеска од 20 часот и 45 минути ќе се одигра натпреварот Шведска –Италија.

ХРВАТСКА 4:1 ГРЦИЈА
СЕВЕРНА ИРСКА 0:1 ШВАЈЦАРИЈА
ШВЕДСКА 20:45 ИТАЛИЈА
ДАНСКА саб.20:45. ИРСКА