Други спортови
Швајцарка победи во супервелеслалом во Сент Антон
Швајцарката Лара Гут-Бехрами победи во супервелеслаломот на Светскиот куп во алпско скијање за жени во австрискиот зимски центар Сент Антон.
Бехрами, која вчера заврши на третото место во истата дисциплина на истата патека, заврши за 1:17,26 минути и го забележа вториот успех сезонава и 36-ти во кариерата.
Носителката на малиот кристален глобус во дисциплината и довчерашна победничка, Федерика Брињоне (Италија) е втора со негатива од 15 стотинки, а трета беше Италијанката Марта Басино, која заврши 19 стотинки зад победничката.
Во генералниот поредок за Светскиот куп лидер е Американката Микаела Шифрин со 1195 бодови пред Петра Влахова (Словачка) со 796 и Лара Гут-Бехрами со 636 бодови.
Женските стартови продолжуваат на 20 јануари со супервелеслаломот во Кортина Д’Ампецо (Италија).