Connect with us

Ракомет

Швајцарски Берн пречка на Еурофарм до групите во ЕХФ Купот

Битолскиот ракометен суперлигаш Еурофарм Работник ќе се приклучи во натпреварите од европските купови во ноември, а за да дојде до групната фаза во Купот на ЕХФ ќе мора да го помине швацајцарски Берн.

Берн веќе се прослави во ЕХФ Куп со тоа што го елиминираше рускиот Спартак Москва. На првиот натпревар во Москва загубија со пет разлика, дома победија со шест.

Првиот натпревар ќе се одигра во Битола на 17 или 18 ноември, додека реваншот ќе биде во Берн една недела подоцна.