Ракомет
Шведска е вториот финалист на ЕП!
Ракометната репрезентација на Шведска е вториот финалист на Европското првенство.
Во вечерашниот полуфинален натпревар во салата МВМ Доме во Будимпешта, скандинавскиот тим го совлада францускиот тим со резултат 33:34.
Француската репрезентација многу подобро влегува во натпреварот и веднаш оди на +4. Беше 5:1 и 6:2 за Французите, но Швеѓаните успеаја да израмнат на 10:10.
До крајот на првото полувреме Шведска играше се подобро и со предност од три поени се замина на пауза, беше 14:17.
Веднаш на стартот од вториот дел од играта, Швеѓаните одат на +5, беше 14:19 и до крајот на натпреварот Французите не успеаја да го стопат водството (најмногу во три наврати стигнаа до -1) и ќе имаат да се задоволи со третото место.ќе игра против Данска.
Во 57. минута репрезентативецот на Франција доби директен црвен картон, Шведска имаше две минути играч повеќе и немаше повеќе помош за Французите.
На крајот Франција имаше напад за израмнување, Паличка одбрани и и донесе финале на својата репрезентација.
Првото име на натпреварот секако беше Готфридсон кој постигна девет гола, а го следеше Пелас со седум. Мора да се истакне и голманот Андреас Паличка кој постигна три гола.
Кај Франција, Дескат постигна осум гола, а Мине еден помалку.
Шведска во големото финале ќе се сретне со селекцијата на Шпанија, која претходно денеска во првото полуфинале ја совлада Данска.
Овие две селекции веќе играа во групната фаза во групата Е каде се наоѓаше и нашата селекција, а Шпанија славеше со резултат 32:28 и заврши како прва во групата.