Connect with us

Ракомет

Швеѓани и Ислаѓани пристигнаа во Сплит: „Секој натпревар ќе биде тежок“

Опуштени, но и малку уморни, исландските и шведските ракометари стигнаа во Сплит, каде што во Спаладиум арена ќе играат против Хрватска на Европското првенство во ракомет.

„Очекуваме подобро време, него на Исланд и секако добар натпревар“, рече Björgvin Pall Gustavsson играч на Исланд.

На новинарско прашање дали се плашат од репрезентацијата на Хрватска тие одговорија:

„Не, не се плашиме од никој, но знаеме дека ќе биде тешко“, рече Geir Sveinsson.

Последните подготовки во и околу арената се во тек. Но вчерашниот ветер создаде дополнители проблеми на арената.

Сплит веќе почнува да живее во ракометниот дух. Доаѓаат и гостински навивачи.

„Ислаѓаните доаѓаат организирано со еден авион, отприлика околу 200 луѓе според најавите. Швеѓаните треба да стигнат во дупли број“, вели Јелена Хрговиќ – заменик градоначалник на Сплит.

Од полицијата информираат и апелираат до граѓаните и навивачите дека градот целосно ќе биде под видео-надзор со цел ракометните натпревари да поминат во целосен ред, без инциденти.

СПОРТ М ИЗВЕСТУВА ДИРЕКТНО ОД ХРВАТСКА

АНКЕТА
[poll id=”2″]