Connect with us

Ракомет

Симе Симовски, го објави поширокиот список на ракометарки за ЕХФ неделата

Селекторот на Женската сениорска репрезентација на Македонија, Симе Симовски, го објави поширокиот список на ракометарки за ЕХФ неделата (20-27 ноември 2017 година). Првиот собир е закажан за понеделник, 20 ноември 2017, со почеток во 09:00 часот во СРЦ Кале во Скопје.

Во рамки на ЕХФ неделата, нашата репрезентација ќе настапи на меѓународниот турнир „Карпати Трофеј“ што ќе се игра во Крајова во Романија. На турнирот, покрај Македонија, ќе настапат и селекциите на Романија, Бразил и Полска, а натпреварите ќе се играат во периодот од 24 до 26 ноември.

Распоред на натпревари:
24.11.2017 (17:00) Македонија – Бразил
25.11.2017 (16:00) Македонија – Романија
26.11.2017 (14:00) Македонија – Полска