Connect with us

Ракомет

Симовски ја викна Нолевска наместо повредената Ѓајиќ

Селекторот на женската македонска ракометна репрезентација Симе Симовски, направи принудна промена во националниот тим поради пред стартот на квалификациите за Светското првенство во 2019 година. Крилото Марија Гајиќ се здоби со повреда и нема да биде во комбинација за настап на наредните три меча, а нејзиното место го доби Наташа Нолевска која настапува во Данска.

Натпреварите од првата фаза од квалификациите за СП 2019 се играат во СЦ „Борис Трајковски“, од петок до недела.

30.11.2018 (петок) 18:00 – Македонија – Азербејџан, 20:00 – Турција – Исланд

01.12.2018 (сабота) 18:00 – Исланд – Македонија, 20:00 – Азербејџан – Турција

02.12.2018 (недела) 18:00 – Исланд – Азербејџан, 20:00 – Турција – Македонија

Првопласираната репрезентација од квалификациската група ќе обезбеди учество во бараж натпреварите кои ќе се играат во јуни 2019 година, како и втората најдобро рангирана селекција од сите четири групи.