Ракомет
Симпатичниот дебелко од Конго им правеше проблеми и на Данците, но на крајот загубија убедливо
Селекцијата на Данска ја совлада селекцијата на Конго во вториот меч за нив на СП во Египет со 39:19. Секако Данците кои беа големи фаворити немаа проблеми на овој дуел, освен што на моменти проблеми им правеше симпатичниот дебелко Мвумби кој е хит на Мундијалот во Египет. Тој колку толку одигра солиден меч, постигна четири погодоци, но неговата селекција немаше сили за нешто повеќе.
Селекцијата на Унгарија го декласираше Уругвај со 44:18, а дербито на вечерта го доби Шпанија со 27:26 против Полска, меч кој донесе доста возбудувања.
Египет СП/недела
Катар – Јапонија 31:29
Ангола – Хрватска 20:28
Аргентина – Бахреин 24:21
Тунис – Бразил 32:32
Зеленортски Острови – Германија (службени 0:10)
Конго – Данска 19:39
Унгарија – Уругвај 44:18
Полска – Шпанија 26:27