Тајмаут
Сите го сеират Азар: На промоција дојде со скапоцен часовник, а тој не работи како треба!
Белгиската ѕвезда Еден Азар, пред два дена официјално беше претставен пред 50 илјади навивачи на Реал Мадрид за нов член на „кралскиот клуб“, но брзо се најде на мета на сеирџиите откако шпанските медиуми открија еден детал, кој фрли дамка на совршената промоција.
Азар дојде на „Бернабеу“ со часовник вреден 68.000 евра – Ричард Мајл РМ016 од 18 каратно злато со дијаманти. Но, часовникот на Азар дека бил расипан воочиле сите. На неговата промоција која се одржа на 13. јули, часовникот бил застанат на 8. јули
И веднаш сеирџиите најдоа закачка за да се мајтапат со белгиската ѕвезда, потенцирајќи дека модниот детал му доцни неколку денови.
Hazard se presentó con un reloj valorado en… ¡68.000 euros! https://t.co/bdCrHmXday
— MARCA (@marca) June 13, 2019
Извор: sport1.mk