Connect with us

Ракомет

Сите легенди на едно место, дали сте подготвени за утрешниот спектакл во салата „Борис Трајковски“?

Ракометната репрезентација на Македонија организира спектакл на 3 јануари во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ каде што ќе се соочат македонските ракометни ветерани и актуелни репрезентативци.

Натпреварот се игра утре (03.01.2023) со почеток од 19 часот, а на турнирот ќе настапат легенди како Петар Ангелов, Стевче Алушевски, Бранко Ангеловски, Кире Лазаров, Филип Лазаров, Велко Марковски, Наумче Мојсовски и други. Сите средства од продадените влезници ќе бидат донирани за СОС Детско Село.

За сите кои не набавиле билети досега, повеќе информации на РФМ