Connect with us

Фудбал

Сите се прашуваат кој е тој: Реал Мадрид носи играч кој не е стандарден ниту во третата лига

Реал Мадрид досега беше „тивок“ во зимскиот преоден рок, а нивното прво засилување ќе биде Жереми де Леон. Ако неговото име не ви звучи познато, вие сте во иста кожа како и милиони фанови на Реал. На социјалните мрежи сите се прашуваат кој е 19-годишниот Порториканец кој пристигнува во мадридскиот клуб, а одговорот воопшто не задоволи многу фанови на Реал. Станува збор за фудбалер на шпанскиот третолигаш Кастелон, но тоа не е најзагрижувачката информација за него.

Тој игра на позицијата десно крило, но може да игра и лево, а навивачите на Реал останаа шокирани кога видоа дека тој не е  стандарден играч ниту во Кастелон. Одигра 14 натпревари, но со просечна минутажа од 32 минути. Иако сакаа да го доведат Виљареал и Валенсија, тој беше јасен и рече дека ќе потпише само за Реал, а тоа ќе го направи наскоро. Де Леон ќе биде прекомандуван во долгиот тим на Реал, популарната Кастиља, а доколку се докаже, може да се надева дека ќе стане само вториот Порториканец кој играл за мадридскиот клуб по Едуардо Ордонез кој играл пред речиси сто години, поточно во 1927 г.