Connect with us

Кошарка

СИТЕ ШАМПИОНИ НА МАКЕДОНИЈА: Заврши доминацијата на МЗТ Скопје

По девет години, навивачите на најтрофејниот македонски кошаркарски клуб дочекаа да прослават титула.

Од 1993 до 2009 година, Работнички 14 пати беше шампион на Македонија, но на 15. трофеј мораше да чека речиси една деценија.

Во најлошиот период во неговата историја, Работнички беше во очајна ситуација, на моменти и пред колапс, но се издигна како феникс и се врати на врвот.

Со новата титула не му дозволи и на МЗТ Скопје да го израмни рекордот – седум трофеи во низа кој го постави во периодот од 1993 до 1999 година.

ФИНАЛНИ СЕРИИ ВО МАКЕДОНСКОТО ПРВЕНСТВО
1993 Работнички - МЗТ Скопје 3:0
1994 Работнички - Кочани Деликатес 3:2
1995 Работнички - Кочани Деликатес 3:2
1996 Работнички - МЗТ Скопје 3:0
1997 Работнички - Жито Вардар 4:1
1998 Работнички - МЗТ Скопје 3:2
1999 Работнички - МЗТ Скопје 3:2
2000 Николферт - Работнички 3:2
2001 Работнички - МЗТ Скопје 3:0
2002 Работнички - Куманово 4:2
2003 Работнички - Поло Трејд 4:0
2004 Работнички - МЗТ Скопје 4:1
2005 Работнички - Вардар 4:2
2006 Работнички - Вардар 4:1
2007 Струмица 2005 - Работнички 4:1
2008 Фени Индустри - Струмица 4:3
2009 Работнички - Фени Индустри 4:2
2010 Фени Индустри - Вардар Осигурување 4:3
2011 Фени Индустри - Работнички 4:1
2012 МЗТ Скопје - Фени Индустри 4:1
2013 МЗТ Скопје - Кожув 4:0
2014 МЗТ Скопје - Работнички 3:1
2015 МЗТ Скопје - Куманово 3:0
2016 МЗТ Скопје - Куманово 3:1
2017 МЗТ Скопје - Карпош Соколи 3:2
2018 Работнички - МЗТ Скопје 3:0

basketball.mk