Поврзи се со нас
Here is the banner code 300x250 for mobile:

Ракомет

Сите сонуваат за ПСЖ, Барселона, Кил, но Данецот сонува да игра за Вардар

Колку само постигна РК Вардар со двете титули во Европа, доволно говори и податокот што Данецот, Симон Питлик сонува да го носи „црвено-црниот“ дрес. Тој во интервју изјави дека многумина сонуваат да играат во Франција, Шпанија или Германија, но тој сонува да игра за Вардар.

Бев еднаш во Македонија и го гледав Вардар, ме импресионираше атмосферата, салата и начинот на кој се доживува ракометот. Тоа го доживеав како дете и сонувам да заиграм таму. Долго време размислувам за тоа. Многумина сонуваат да играат во Франција, Шпанија, Германија…Јас сонувам за неколку години да играм во Вардар, вели Питлик.

19-годишниот ракометар има играно против македонски тим и тоа против Еурофарм Работник во дресот на Гудме. На тој меч постигна девет голови. Претходно Данецот играше за својата селекција на СП за кадети кое се одржа во Македонија.

Вреди да се напомене дека неговиот татко Јан Питлик во 2015-та беше тренер на женскиот тим на Вардар.

 

 

loading...

Facebook