Connect with us

Фудбал

Сити четири пати ја затресе мрежата на гости и ја продолжи трката со Арсенал

Фудбалерите на Манчестер Сити славеа со убедливи 4:1 (3:0) на гостувањето кај Борнмаут во натпреварот од 25. коло на англиската Премиер лига.

Аргентинскиот напаѓач Хулијан Алварез во 15. минута ги доведе во водство избраниците на Пеп Гвардиола. Ерлинг Халанд ја погоди мрежата во 29. минута, додека Фил Фоден во 45. минута зголеми на 3:0. Во 51. минута Крис Мефам ја испрати топката во сопствената мрежа за водство на гостите од 4:0, а во 83. минута Џеферсон Лерма постигна утешен гол за конечни 1:4.

Фудбалерите на Арсенал остварија минимална, но важна победа од 1:0 на гостувањето кај Лестер Сити, со што Топџиите имаат два бода предност пред Манчестер Сити во борбата за шампионската титула, а лондонскиот тим има и натпревар помалку.