Connect with us

Фудбал

Скандал на мечот од ЛШ: Навивачите на Лацио пееја фашистички песни во Германија (ВИДЕО)

Најжестоките навивачи на Лацио со години се познати како екстремно десничарски и фашисти, а своите вистински бои повторно ги покажаа при гостувањето во Германија и Минхен. Имено, локалната полиција се огласи по реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите во кој Баерн го исфрли Лацио и откри дека се приведени. Еден од нив бил уапсен затоа што отишол во пивницата каде што Адолф Хитлер ја основал Нацистичката партија и пеел фашистички песни.


Од полицијата за медиумите потврдија дека 18-годишниот навивач е осуден на четирицифрена парична казна во евра. Беше посочено дека се трага по уште неколку навивачи на Лацио кои пееја песни за „црните кошули“, инаку паравоената единица на Фашистичката партија на Бенито Мусолини во Италија.