Фудбал
Скандал во Србија: Навивач влегол со сатар на теренот и застанал меѓу играчите и судијата (ВИДЕО)
Шок и неверување во Сремската фудбалска лига! Натпреварот од 20. коло помеѓу домашните Деч и Слога од Вогање го одбележа тежок инцидент бидејќи гостинските фудбалери беа нападнати, пазете сега, со сатар.
Натпреварот беше прекинат во 85. минута, кога полуден навивач на Деч ја прескокна оградата и со ладно оружје ги нападна гостинските фудбалери. Набрзо истрчаа на другата страна од теренот за да си ги спасат животите, што не предизвика емпатија кај домаќините кои по секоја цена сакаа дуелот да продолжи.
Изговорот и оправдувањето биле крајно бизарни бидејќи хулиганот, како што ја уверувале ривалската страна, никого не избодел и не удрил со сатарот, туку само им се заканувал.
Прекинот дојде при резултат 1:0 кај Слога, а причината беше непостоечкиот гол на Деч, според Слога.