Connect with us

Фудбал

Скандалозно однесување на Белингам, камерите се снимија, веднаш е пријавен (ВИДЕО)

Фудбалерите на Реал Мадрид славеа вреден триумф од 2:0 на гостувањето кај Хетафе во 20. коло од шпанската Ла Лига, но скандалозниот потег на Џуд Белингам беше во центарот на вниманието по натпреварот. Имено, камерите снимија детал кога најдобриот играч на Реал го нарече поранешниот играч на Манчестер Јунајтед „силувач“ по безопасниот дуел со Мејсон Гринвуд.

По последниот судиски свиреж, Кадена СЕР објави дека Хетафе побарал од делегатите на Ла Лига потегот на Белингем да биде вклучен во официјалниот извештај од натпреварот, што потоа може да отвори истрага за инцидентот. Белингем, доколку биде обвинет и прогласен за виновен од Ла Лига, може да се соочи со потенцијална суспензија, иако сè уште не е познато дали навистина ќе биде покрената постапка.

Инаку, Гринвуд иако важеше за еден од најголемите таленти, сепак додека беше во Јунајтед не се прослави, пред се поради случувањата надвор од теренот. Неговата девојка и мајка на нивното дете, преку социјалните мрежи го обвини дека е насилен кон неа, дека ја тепал и ја терал на секс. Гринвуд беше уапсен и обвинет за обид за силување, физички напад и „контролирано однесување“.