Connect with us

Фудбал

Скок на Македонија за девет места на новата ФИФА ранг листа

Во финишот од квалификациите Македонија ја подобри формата која се префрли и на пријателскиот меч со Норвешка. Победите носат и напредок на ФИФА ранг листата, па на најновата со скок од девет позиции сега сме на 76. место.
Пред нас се уште има земји како Мали, Обединети Арапски Емирати, Уганда, Замбија… но напредокот е очигледен.
На врвот и понатаму е Германија, меѓу најдобрите десет се и Бразил, Португалија, Аргентина, Белгија, Шпанија, Полска, Швајцарија, Франција и Чиле.