Connect with us

Ракомет

Скопје ќе го бодри Вардар во финалето од плоштад!

Шилегов на својот Фејзбук профил објави дека на плоштадот во Скопје ќе се навива за Вардар преку видео бим.

„Градот Скопје, утре на нашиот плоштад, на голем видео бим, организира заедничко следење и бодрење за новиот триумф на Вардар и неговата нова европска шампионска титула. Ајде масовно сите на плоштад. Еден е Вардар !!! Едно е Скопје !!!“ напиша Шилегов на ФБ.

Вчера кога се играше за влез на Вардар во финале на ЛШ ниту една од Македонските телевизии не правеше пренос на натпреварот Вардар-Барселона на кој Вардар од негатива 7 дојде до победа плус 2. Конечен резултат 29:27.

Денес  борбата за 3то место Барселона-Киелце ќе се одржи во 15:15ч, а финалето е во 18:00ч. каде моќниот Вардар ќе се бори против Веспрем каде игра Манасков.