Connect with us

Фудбал

Скромниот човек со големо срце: Татко ми почина, а сестра ми се роди дома, затоа градам болница

 

Освен одличните фудбалски квалитети, Садио Мане е личност која има голема скромност и хуманост. Иако заработува милиони, игра во голем клуб, е мега популарен, сепак не се откажал од своите принципи.

Објавен е докментарец за Мане кој го носи насловот „Made in Senegal“. Во него се неговите животни приказни. Посебно внимание привлекуваат тешките моменти од детството, поради што одлучил да изгради болница.

-Имав седум години. Требаше да почнаме со другарите да играме фудбал кога мој роднина ми пријде и ми кажа дека татко ми починал. Му реков дека се шегува со мене, не можев да разберам, вели Мане.

-Му дадовме традиционални лекови и беше мирен три до четири месеци, а потоа болеста се врати. А, бидејќи во Бамбали (место каде живееше) немаше болница, мораше да го возат до соседното село да му го спасат животот, но не успеаја, вели Мане.

Две децении подоцна Мане во родното село, каде 70 отсто од семејствата живеат во сиромаштија, го изгради првото училиште, а за неколку месеци ќе отвори и болница.

-Сестра ми е родена дома бидејќи немаше болница во нашето село. Тоа беше многу, многу тажна ситуација за сите. Затоа одлучив да направам болница и да им дадам надеж на луѓето, вели меѓудругото Мане во документарецот.