Connect with us

Ракомет

Славиша Ѓукановиќ се разбуди од кома

Српскиот ракометен голман Славиша Ѓукановиќ се разбуди од вештачката кома во текот на денешниот ден.

Ѓукановиќ во понеделникот доживеа срцев удар за време на тренинг, а од вчера беше во кома.

Претставници на неговиот клуб Пеј Д‘Екс од Франција соопштија дека состојбата на Ѓукановиќ е стабилна.

Голманот има 38 години и на последното Европско првенство во Полска беше во составот на репрезентацијата на Србија. Тој во Франција бранеше за екипите на Ница, Бордо и Сан Рафаел и 15 сезони настапува во франуски екипи.