Connect with us

Фудбал

Славниот фудбалер ограбен на Олимписките игри во Париз, остана без 500.000 еврa!

Познатиот поранешен бразилски фудбалер Зико (71) помина низ вистинска драма во Париз откако синоќа беше ограбен таму, пренесува Le Parisien. Зико е во главниот град на Франција како член на делегацијата на неговата земја на Олимписките игри. Додека со такси излегувал од хотелот, Зико во чантата носел Ролекс, дијамантски ланче и пари во чанта.

Разбојниците го надмудриле и него и возачот, па еден од нив успеал да му го одвлече вниманието на таксистот. За тоа време вториот зел торба од задното седиште, јавуваат француските медиуми.

Се проценува дека украдените предмети се во вредност од околу 500.000 евра. Веднаш била покрената истрага за лоцирање на разбојниците, а истрагата ја води француската бригада за борба против грабежот.

Advertisement