Connect with us

Фудбал

Славниот тренер „удри“ по Роналдо: Три години не издриблал никого, Јуве победува и без него

Славниот италијански тренер Фабио Капело „удри“ по Роналдо. Тој за „Скај Спорт Италија“ најнапред рече дека е разочаран од неговиот однос откако Сари ја направил измената, а потоа ги критикуваше неговите партии.

-Тој практично три години не издриблал никого, и јас би реагирал како Сари, вели Капело и додава:

-Тој е супер играч, шампион, најдобар од сите, но Јувентус сега ги има Дибала и Даглас Коста, кои постигнаа два прекрасни голови и кои мора да играат. Дибала е одличен и може да направи разлика, исто така и Коста. Јувентус победува и без Роналдо. Јуве се чинеше зависен од него, но ете не е така, изјави Капело, поздравувајќи ја храброста на Сари на два меча по ред да го извади Роналдо од игра.