Фудбал
Словак ќе ја дели правдата меѓу Исланд и Македонија
Натпреварот со Исланд го играме на гости во недела, а веќе се познати судиите кои ќе делат правда во Рејкавиќ.
Улогата главен судија ќе ја има Иван Кружлиак од Словачка, а ќе му помагаат сонародниците Бранислав Ханцко и Јан Позор. Филип Глова е назначен за четврти судија.
Во ВАР-собата ќе бидат Павел Рачковски и Даниел Стефански од Полска, кои ќе добијат помош од Мартин Ингварсон од Шведска и Михаел Шафрот од Швајцарија.
Дуелот со Исланд го играме в недела со почеток од 18:00 часот, тој ќе биде петти во овие квалификации во кои до сега имаме две победи, еден пораз и едно реми.