Фудбал
Словенечкиот селектор искрен: Македонија заслужено победи
Словенечкиот селектор Матјаж Кек не сакаше премногу да ја анализира играта на своите играчи, само рече дека одиграле лошо и дека Македонија заслужено победила бидејќи одиграла тимски.
-Потфрливме како тим. Македонија победи со тимска игра и одлична поставеност. Можеме само да честитаме и секако да мислиме на следниот натпревар, изјави селекторот на Словенија.