Ракомет
Словенија и Русија идните репрезентации на патот од СП за Македонија
Репрезентациите на Словенија и Русија ќе бидат нашите две идни пречки па патот од Светското првенство во ракомет во Египет 2021.
Прво ќе треба да се соочиме со Словенија во среда на 20.01.2021 година, а потоа и со Русија два дена подоцна, односно в петок 22.01.2021 година.
Во новата група, Шведска има четири бодови, три има Русија, Египет и Словенија имаат по два, Белорусија има еден бод, додека Македонија е без бодови.