Ракомет
Словенија испадна од Светското првенство

Словенечките ракометари беа елиминирани од Светското првенство.
Денес Словенците ремизираа со Египет 25:25, а тој резултат домашниот тим го однесе понатаму, додека Словенија беше елиминирана.
Словенија на полувреме имаше четири гола предност (12:8), но во продолжението ја испушти предноста и на крајот натпреварот заврши без победник.
Овој резултат го однесе Египет понатаму, а Словенија испадна од СП.
Санад го предводеше Египет со седум голови, а Јанц постигна шест за Словенија.
Норвешка го совлада Исланд со 35:33, но сепак нема обезбедено место меѓу осумтемина и ќе го чека резултатот на мечот Франција – Португалија.
Сагосен ги предводеше Норвежаните до победата со девет погодоци, а кај Исланд Елисон постигна шест.
