Connect with us

Фудбал

Словенците се уште не полетале за Скопје, проблеми со авионот

Словенечката репрезентација требаше утрово во 11 часот да полета кон Скопје, каде утре се игра натпреварот против Македонија во рамките од квалификациите за ЕП. Сепак, според пишувањата на словенечкиот портал „Екипа“, поради технички проблеми на авионот, тие се уште не полетале.

Порталот пишува дека поради дефект на еден од двата системи за клима, леталото ќе остане приземјено се додека не се поправи.

Мечот Македонија-Словенија се игра утре со почеток во 20:45 часот на арената „Тоше Проески“