Фудбал
“Смешно, двајца тренери кои немаат појма од тактика играат финале”
Утревечер во Киев ќе се игра финалето од Лигата на Шампионите во кое ќе се борат Реал Мадрид и Ливерпул, за нај ценетиот трофеј.
Дали Ливерпул ќе може да ја прекине доминацијата на Реал Мадрид во Лигата на Шампионите останува да видиме, а на денешната прес-конференција тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп даде доста интересна изјава.
Поточно, Клоп ги бранеше својот колега од Реал Мадрид. Всушност, за две и пол сезони на клупата Зидан освои два трофеи оф Лигата на шампионите и еден трофеј од Ла Лига, но многумина сметаат дека Французинот нема завидно знаење на фудбалската тактика, и дека до успехот доаѓа само поради фактот дека добро го контрола егото на неговите играчи.
“Ако луѓето мислат дека Зидан не ја познава фудбалската тактика, тогаш тоа е навистина смешно. Луѓето, истото го мислат и за мене. Тогаш тоа е навистина смешно, ако двајца тренери во финалето немаат појма од тактика”, рече Клоп.
“Повторно велам. Тој беше еден од петте најдобри фудбалери на сите времиња, а сега како тренер се обидува да го освои својот трет трофеј во Лигата на шампионите. За жал, за нас, мислам дека тој е брилијантен … Многу пати ја гледав играта на неговите тимови. Тоа е хаос , но добар тип на хаос. Сепак, ова е фудбал и ние имаме шанси како и тие”, додаде германскиот стратег.