Поврзи се

Тајмаут

Снегот го помести почетокот на „Пандев Куп“

Почетокот на првиот интернационален „Пандев Куп 2018“ е одложен за седум дена. Организаторот, „Академија Пандев“, одлучи поради снегот и студот купот да се одржи од 7 до 10 март, наместо како што беше планирано од 1 до 4 март.

– Поради временските неприлики ФК„ Академија Пандев“ известува дека „Пандев Куп“ ќе биде одложен за седум дена и ќе се игра од 07-10.03.2018. Нашата примарна грижа е здравјето и добросостојбата на младите играчи како и на фановите. Се гледаме наредната недела. Ви благодариме на разбирањето, стои во известувањето од организаторот.

На турнирот ќе учествуваат околу 850 млади фудбалери од 64 екипи од Македонија, Грција, Бугарија, Хрватска и Србија.

Продолжението на овој овој фудбалски настан е закажано в лето, кога ќе учествуваат млади фудбалери од повозрасна категорија.

ФОТО

loading...

Повеќе од Тајмаут