Connect with us

Ракомет

Со 43 години и пуштен стомак, Ванчо Димoвски со неговиот потег и гол го крена цел „Борис Трајковски“ на нозе (ВИДЕО)

Синоќа имаше ракометен спектакл во салата „Борис Трајковски“. Поранешни ракометари, македонски легенди, против актуелниот состав на македонската репрезентација, која наскоро ќе игра на СП во ракомет. Победија помладите со 25:21, но резултатот беше во втор план.


За МВП на мечот беше прогласен легендарниот Ванчо Димовски, кој со 43 години и пуштен стомак покажа зошто е еден од најдобрите македонски ракометари на сите времиња. Со неговиот потег и гол ја крена на нозе целата сала.

Инаку, сите средства од продажбата на билетите за овој спектакл се наменети за СОС Детско село.