Connect with us

Кошарка

Со Брајант загина и неговата ќерка – патувале на тренинг

Светот на спортот е во шок по објавувањето дека еден од најдобрите американски кошаркари на сите времиња, Коби Брајант ( 41) загина во хеликоптерска несреќа во Калабасас, град во американската држава Калифорнија. Коби патувал со уште четири лица во приватен хеликоптер што се урнал и никој не ја преживеал несреќата.

За да ја направи трагедијата уште полоша, неговата 13-годишна ќерка Марија Онор бил со него и загина. TMZ пишува дека тие отпатувале на тренинзи за кошарка. Зад Брајант се останатите три ќерки Наталија, Бјанка и Капри кои ги доби со сопругата Ванеса.