Фудбал
Со седум повредени, без Карвахал и Азар, прв пораз за Реал Мадрид
Реал Мадрид доживеа пораз на гостувањето кај Мајорка од 1:0. Можеби и не се очекуваше нешто повеќе со оглед на тоа дека Зинедин Зидан не можеше да смета на повредените Модриќ, Асенсио, Иско, Бејл, Начо, Крос и Лукас и без Кархавал и Азар кои добија слободни денови иако имаше натпревар. Стрелец на победничкиот гол беше Жуниор во 7.минута.
Покрај тоа за следниот меч Зидан нема да може да смета ниту на Алваро Одриозола, кој вечерва заработи исклучување.
По девет кола Барселона е лидер со 19 бодови, еден повеќе од Реал Мадрид, за кого ова беше прв пораз сезонава.
Македонскиот репрезентативец Алекс Трајковски во игра влезе во 81.минута токму на местото на стрелецот на голот Жуниор и ги одигра последните моменти од мечот.