Connect with us

Други спортови

Со совршени 50:0 заминува во пензија, овој пат нема враќање

Иако досега три пати заминуваше во пензија, па се враќаше, сепак Флојд Мејведер овој пат по се изгледа дефинитивно му кажа збогум на боксот.

Имам понуди да се вратам во рингот, но моето здравје е богатство. Боксот навистина е многу, многу брутален спорт. Последните неколку години загинаа многу боксери во арената, вели Мејведер.

Тројца бокесри во последните шест месеци починаа во рингот, вклучувајќи го и Американецот Патрик Деј. Очигледно овие настани многу влијаеле на Мејведер.

Последната негова официјална борба беше во 2017 година против Конор Мекгрегор на која заработи неверојатни 300 милиони долари, а имаше уште три егзибициони мечеви пред 2018 година.

Мејведер во својата кариера има совршен скор од 50:0.