Connect with us

Фудбал

Соиграчот на Роналдо: Добро танцува

Соиграчот на мегаѕвездата Кристијано Роналдо во репрезентацијата на Португалија, а еден период и во „Манчестер Јунајтед“ – Бруно Фернандеш, за Goal зборуваше за легендарниот стрелец.

„Мислам дека има многу што не знаете – треба да бидете постојано околу него за да знаете каков е неговиот живот, но … добро танцува, може добро да се движи.

Кога првпат дојдов во репрезентацијата, бев опкружен со одлични играчи на кои им се восхитував. Бев прилично срамежлив и не сакав да зборувам со никого. Се ракував со наведната глава.

Кристијано го немаше кога пристигнав, но штом се приклучи на тимот, почна да разговара со мене, да ме вика по име. Ми рече: „Ги гледам твоите натпревари, даваш голови, играше многу добро за Спортинг“, вели капитенот на англискиот клуб.

Бруно Фернандес признава дека бил повреден од второто.