Connect with us

Фудбал

Солскјер го осигура останокот, сопствениците на Јунајтед го одврзуваат ќесето

Солсјкер ќе го „преживее“ јануари на клупата на Манчестер Јунајтед. По двете победи во дерби мечевите против Сити и Тотенхем, сопствениците на клубот се задоволни.

По 16 одиграни кола „Црвените ѓаволи“ се на петтото место на табелата, а позицијата која носи пласман во ЛШ им „бега“ четири бодови.

Следуваат засилувања. Според медиумите, во текот на јануари Манчестер Јунајтед ќе купува, а мети се Ерлинг Холанд од Салцбург и Саул од Атлетико Мадрид.

Младиот Норвежанец има откупна клаузула од околу 30 милиони евра, а за неговите услуги сериозно е заинтересиран Јувентус. Што се однесува до Саул, засега Атлетико Мадрид не покажува желба да се раздели со него.