Фудбал
Солзи во очите, да потраеше, Мурињо сигурно ќе плачеше, вака се прости од навивачите (ВИДЕО)
Жозе Мурињо повеќе не е тренер на Рома, откако вчера и официјално римската волчица соопшти дека му врачила отказ поради лошите резултати сезонава во Серија А. Ќе го наследи легендарниот фудбалер Даниеле де Роси.
Некои навивачи посакуваа ова да се случи, но има и такви кои му изразија почит на Мурињо за се она што го направил за Рома. Со овој тим има еден пехар, оној во Конференциската лига од сезоната 2021/22, што беше прв пехар воопшто за овој тим од 2006/07 кога го освоија пехарот во Купот, а потоа и Суперкупот на Италија.
🚨JOSÈ #MOURINHO ESCE DA FRIGORIA E SI FERMA CON I TIFOSI
IL MISTER EMOZIONATISSIMO SI BATTE IL CUORE❤️🐺@calciomercatoit pic.twitter.com/8XQAqo9rUD— Francesco Iucca (@francescoiucca) January 16, 2024
Неколку навивачи се собраа вчера пред клубските простории да го испратат и поздрават. Го скандираа неговото име и му се заблагодаруваа. Се виде дека за Мурињо ова е емотивен момент, а замина со солзи во очите. Сигурно е дека ќе заплачеше доколку оваа ситуација потраеше некоја минута подолго.