Фудбал
Сон, сепак се опоравил од шокот, во игра од прва минута против Црвена Звезда
Кореецот од редовите на Тотенхем, Сон Хеунг-мин, е во стартната постава за вечерашниот меч со Црвена Звезда. Тој беше во голем шок откако стартуваше минатиот викенд врз Андре Гомеш од Евертон кој заработи хорор повреда и скршеница на глуждот.

Сон доби црвен картон и со солзи во очите и неверување го напушти теренот. Следниот ден англиските медиуми објавија дека фудбалерот е под голем шок и дека е под знак прашалник неговиот настап во Белград.
Сепак, според вечерашните состави, со Сон се е во ред, па тој од првата минута ќе настапи против Звезда.