Connect with us

Тајмаут

Сопругата на Франческо Тоти ги запали Апенините: Страсно ја бакна водителката и ги запрепасти сите (ВИДЕО)

Веројатно и Франческо Тоти бил шокиран од потегот на неговата сопруга.

Посетувајќи ја емисијата „Michelle Impossible“ на италијанската телевизија Canale 5, Илари Блази ги запрепасти сите гледачи, па дури и ја остави водителката со неверување.

Имено, Блази страсно ја бакна Мишел Хунцикер на сцената пред милионската публика. Токму таа го направи првиот потег.

Хунцикер остана шокирана и изненадена од тоа што го направи сопругата на легендарниот фудбалер: „Што правиш, ми го турна јазикот?“.

Блази почна да се смее и го напушти студиото, оставајќи ја шокирана поранешната сопруга на Ерос Рамацоти.

Инаку, Блази и Тоти се во брак од 2005 година. Тие го имаат синот Кристијан и две ќерки Шанел и Изабел.

40-годишната девојка направи сличен потег пред неколку години кога исто така ја бакна Белен Родригез пред ТВ камерите.