Connect with us

Други спортови

Сопругата на Шумахер одговори на обвинувањата: Тоа е негова желба

Пред неколку дена сопругата на Михаел Шумахер беше обвинета од страна на неговиот поранешен менаџер Вили Вебер дека не му дозволува да го посети и види поранешниот Ф1 пилот.

Сепак, се огласи и Корина Шумахер.

-Верувајте дека тој во моментов е во најдобри раце, сите даваме се од себе да му помогнеме. Разберете не, ги следиме неговите желби, а тој сака да здравствената состојба да остане тајна, вели неговата сопруга.

Пет години поминаа од тешката повреда на Михаел Шумахер за време на скијање на француските алпи.