Тајмаут
Сопругата на словенечкиот репрезентативец објави видео од неговите оргии: Како можеш да бидеш толку глуп?
Словенечкиот репрезентативец Бенјамин Вербич се најде во центарот на скандал по видеото кое го објави неговата сопруга. Вербич пред неколку дена играше за Словенија во Лигата на нации, а играше и на натпреварите со Норвешка и Шведска, но немаше поим дека ќе биде во центарот на скандалот што се случи пред неколку дена.
Имено, се е иницирано од неговата сопруга Алвина со која минатата година добија син. Тие се запознале додека тој играл за Динамо Киев, но се чини дека романсата може да заврши.
Скандалот се случил кога неговата сопруга објавила фотографии и видеа на кои Вербиќ ужива во друштво на непознати девојки.
Словенечките медиуми пишуваат дека тоа се случило на паузата меѓу натпреварите од Лигата на нации и дека евидентно е дека искусниот фудбалер бил во алкохолизирана состојба. Видеата се со експлицитна содржина и набрзо Алвина ги избриша, но веќе беше доцна.
Украинката откри дека е многу повредена и шокирана од однесувањето на нејзиниот сопруг и дека не може да поверува дека тој и го направил ова.
“Проклети луѓе, срам да ви е. Да се забавувате на паузата на репрезентацијата е нормално, но само ако сте опкружени со нормални луѓе. Навистина не ми е јасно како можете да бидете толку глупави”, напиша Алвина со неколку фотографии и видео.
Но, откако скандалот стана главна приказна во Словенија, реши да проговори и Вербич, кој негираше се и рече дека снимките се стари.
„Фотографиите и видеото што ги објави мојот поранешен партнер и мајката на моето дете се многу стари. Се што напишала е целосна лага“, изјави Вербич.
Со својата изјава тој откри дека тој и Алвина очигледно повеќе не се заедно, но сепак успеал овие фотографии и видеа да бидат избришани од социјалните мрежи.
28-годишниот играч настапува за Панатинаикос каде пристигна летово од Динамо.