Фудбал
Сопственикот на Интер: Ќе го освоиме светот, не се плашиме од никого
Интер, барем според изгледот на табелата, се бори за титула во Серие А. До синоќа беше лидер, но Јувентус ја совлада Сампдорија, го презема првото место, барем до мечот на Интер.
Но, сопствените на клубот најавуваат уште поголема борба. На Божикната вечера Стивен Жанг изјави:
-Минатата недела разговарав со играчите и реков дека ќе имаме потешкотии, но треба да ги надминеме. Тоа се однесува за наредните 100 години на овој клуб, секогаш ќе има пречки, но мораме заедно да се соочиме со нив. Не се плашиме од никого ќе го освоиме светот. Денеска, но и во иднина, потребна е храброст, само дака можеме да се надеваме на највисоко ниво, порача Жанг.