Фудбал
Совршен почеток на Реал Мадрид – знак за разочарувачки крај

Реал Мадрид на перфектен начин ја започна сезоната во Ла Лига. 5 натпревари – 5 победи против Атлетик Билбао, Алмерија, Селта Виго, Хетафе и Реал Сосиедад. Сепак, тоа не им гарантира ништо на „кралевите“, а уште помалку титулата.
Во последните три наврати во кои Реал го започна шампионатот со 5 последователни победи, тие завршија како второпласирани, вклучително и минатата сезона 2022/23. Лос Бланкос претходно заврши на второто место по совршените стартови во 1991/92 и 2009/10.
Последната сезона во која Реал Мадрид започна со 5 последователни успеси и стана шампион беше 1987/88 година.