SPORTM.mk
СП Кина: Србите без Теодосиќ
Националниот тим на Србија без плејмејкерот и капитен Милош Теодосиќ ќе замине во Кина, каде на 31 август го почнува настапот на Светското првенство во кошарка за мажи.
Теодосиќ ќе остане дома, ќе треба да прави интензивни терапии, и да се надева дека рехабилитацијата ќе оди според планот, па да им се приклучи на „орлите“ во завршната фаза од Мундобаскетот.
Србите пред СП, во Кина ќе одиграат три подготвителни натпревари. Селекторот Александар Ѓорѓевиќ за контролите ќе смета на 12 кошаркари, меѓу кои не е Теодосиќ, а конечната одлука дали Тео ќе игра на СП или не, ќе се знае до 29 август, кога е последниот ден за пријавување играчи.
Ако Теодосиќ не може да настапи, капитен ќе биде центарот Мирослав Радуљица.