Connect with us

Ракомет

СП во ракомет: Јапонија прв противник на Македонија

Македонската ракометна репрезентација ќе ја има честа да ја отвори групната фаза во Минхен од претстојниот Мундијал што во јануари ќе се одржува во Германија и во Данска.

Нашиот национален тим се наоѓа во групата Б заедно со Шпанија, Хрватска, Исланд, Бахраин и Јапонија, а по промената на системот на натпреварување на светските шампионати пласман во следната рунда обезбедуваат најдобрите три, наместо досегашните четири селекции од секоја група.

Организаторот ги објави и точните термини, па така Македонија ќе стартува на 11 јануари со дуелот со Јапонија во 15.30 часот, по што ќе следи и „дербито на колото“ меѓу Исланд и Хрватска.

Нашите ракометари на 13 јануари ќе се сретнат со Бахраин, повторно прв меч од програмата што ќе стартува во 14 часот. За 14 јануари е закажан мечот со Хрватска во 18 часот, на 16 јануари во 20.30 часот ќе излеземе на мегдан со силната Шпанија, а мечот што според првичните прогнози ќе биде клучен, оној со Исланд во последното коло, е закажан за 17 јануари со почеток во 18 часот.

Реклама
Реклама

ФОТО

Повеќе од Ракомет

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com