Спалети станал лаком, поради парите на Интер не стана тренер на Милан

Стефано Пиоли е нов тренер на Милан, но како што пишуваат дел од италијанските медиуми, првата опција бил Лучиано Спалети, довчерашен тренер на градскиот ривал Интер. Сепак, парите биле пречка.

Имено, Спалети иако повеќе не е тренер на Интер, се уште добива плата од „Нероаѕурите“, бидејќи договорот му е предвреме раскинат. На хартија Спалети има уште две години договор, со годишна плата од 5 милиони, што значи дека Интер му голжи вкупно 10.

Преговори имало помеѓу двете страни. Клубот му нудел 2,5 милиони, односно да му исплати шест месеци, но тој не сакал да слушне за такво нешто и барал 5 милиони, односно исплата за една сезона.

Му пишал и на претседателот на Интер, Стивен Жанг, кој му одговорил дека стоио зад ставот на клубот. Поради тоа Спалети разливакал „Сте можеле на Конте да му дадете 12 милиони, а мене ми нудите 2,5“.

Милан се надеваше дека ќе најдат заеднички јазик Спалети и Интер, но импулсивниот стратег сепак не сакал да се откаже од 5-те милиони годишно кои Интер мора да му ги исплаќа, па ги одбил оние 3 кои му ги нуделе „Росонерите“. Поради тоа Милан одлул да го назначи Пиоли за нов тренер.