Спасиќ деветти на Европскиот куп во Италија

Кајакарот Љубомир Спасиќ го освои деветото место на Европскиот куп во Италија на диви води во спуст со што го задржа првото место на Европската ранг листа за оваа година.

„Заврши мојот настап на 5-то коло од Европскиот куп во Италија со пласман на 9-то место во финалното возење.Со овој пласман го потврдив првото  место на Европската ранг листа за 2019 година“ – напиша на фејсбук Спасиќ.

Следно за нашиот кајакр е настапот на финалето од Европските купови во Чешка на 18. август .

Извор: Дриблинг