Connect with us

Ракомет

Спектакл на годината: Ракометарите на Барселона по пенали го победија Киелце и ја освоија Лигата на шампионите

Ракометарите на Барселона денеска во финалето по пенали го совладаа Виве Киелце со 37:35 во неверојатен меч и успеаја да ја одбранат титулата во Лигата на шампионите.

Барселона и Виве Киелце одиграа навистина спектакуларен натпревар во салата во Келн, а победникот го дознавме дури по пеналите.

Од самиот почеток на натпреварот гледавме рамноправен натпревар. Барселона на стартот од мечот успеа да дојде до предност од три гола, но Киелце успеа да се врати во мечот во самиот финиш на првото полувреме.

По првото полувреме Барселона поведе со 14:13, а драмата продолжи и во вториот дел. Се играше гол за гол и беше јасно дека нема така лесно да се знае победникот од ова финале.

На самиот крај од регуларниот дел гледавме вистинска драма. Барселона водеше со 28:27 и беше на чекор до освојување на Лигата на шампионите, но Киелце успеа во последниот напад да постигне гол за 28:28 и да го одведе мечот во продолжение.

Истата слика ја видовме и во продолженијата. Барселона двапати водеше, но Киелце успеа да се врати. При резултат 30:30 Барселона го промаши нападот, а Киелце знаеше како да го искористи и поведе со 31:30.

Сепак, Барселона во следниот напад го врати мечот на израмнување и израмни на 31:31. До крајот на второто продолжение видовме по еден гол на двете страни за 32:32, а победникот во Лигата на шампионите го дознавме дури по пеналот.

Во пенал серијата Барселона имаше повеќе среќа. Фудбалерите на Барселона беа прецизни од седмерецот, а киелце потфрлија. Еден од играчите на Киелце промаши пенал при резултат 3:2 кој Барса го искористи и на крајот успеа да дојде до 5:3 и голема победа во финалето за паметење. Херој беше голманот на каталонскиот клуб  Гонзало де Варгас, кој успеа да одбрани еден пенал.

Конечниот резултат на натпреварот гласеше 37:35. Барса до победата ја предводеше одличниот Гомез со девет гола, а Мем и Н’Гесан додадоа по пет. Во тимот на Киелце се истакнаа Вујовиќ, А.Дујшебаев, Д.Дујшебаев, Каралек, Кулеш и Морито бидејќи сите постигнаа по четири гола на овој натпревар.

Реклама

Facebook