Connect with us

Тајмаут

Специјална Олимпијада ја одбележува Европската кошаркарска недела на лица со посебни потреби

Специјалната Олимпијада на Македонија продолжува со активностите за одбележување на Европската кошаркарска недела на лицата со посебни потреби. По кошаркарскиот турнир, одржан изминатата сабота (25 декември) како и настапот на полувремето од натпреварот помеѓу Македонија и Швајцарија во рамки на претквалификациите за Евробаскет 2021, Специјалната Олимпијада денес ќе одржи семинар за мини-баскет за лица со интелектуална попреченост.

Семинарот ќе биде одржан во конференциската сала на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ со почеток во 10 часот.

– Овој семинар (обука) е дел од 14. Европската кошаркарска недела која се одржува во 35 земји низ Европа со учество од 19.000 спортисти и истата е поддржана од ФИБА. Целта е промоција на кошарката и мини-баскет во инклузивните училишта со што ќе се овозможи преку моќта на спортот, лицата со посебни потреби да развијат нови вештини, способности, да доживеат успех и да другаруваат со своите врсници на спортските терени и пошироко, информираат од Македонската кошаркарска федерација.

„Да бидеме дел од инклузивната револуција и да создаваме нови генерации на кошаркари и кошаркарки“ е мотото на денешниот настан организиран од Специјална Олимпијада на Македонија.