Фудбал
Спиркоски: Прилеп може да остане без фудбал и клуб
Новиот в.д директор на ФК Победа денеска со шокантни изјави во медиумите. Тој вели дека Прилеп може да остане без фудбал и без клуб.
„Нема дилеми дека има две Победи, но таа старата Победа требаше минатата сезона да влезе автоматски во Првата лига и тоа не се случи. Сега, сакам да посочам дека ако под итно не се променат некои работи, може да се случи да ги снема и двете Победи. Може да се случи Прилеп да остане без фудбал, без својот препознатлив белег“, вели Спиркоски, кој од 27 март е в.д. претседател, откако Небојша Стојковиќ уште во февруари го напушти клубот.